ВИДЕО: Јувентус славеше на гостувањето кај Салернитана, Аталанта ја згази Венеција

Алваро Мората го постигна вториот гол за Јувентус/ фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Фудбалерите на Јувентус славеа со 0:2 на гостувањето кај Салернитана во рамки на 15 коло во Серија А. Со победата, „старата дама“ експресно се опорави од поразот од Аталанта во претходното коло и се искачи на седмото место на табелата со 24 бода.

Победата на Јувентус му ја донесоа Пауло Дибала и Алваро Мората со головите постигнати во 21. односно 70 минута.

Фудбалерите на Аталанта со 4:0 ја декласираа Венеција и на најдобар начин го одбележаа потпишувањето на новиот договор на тренерто Џан Пјеро Гасперини. Гасперини се договори со челниците на екипата да потпише нов тригодишен договор.


Марио Пашалиќ постигна хет-трик, а четвртиот гол го постигна Копмеинерс. Со новите три бода, Аталанта се израмни со Интер на четвртото место со 31 бод, но „неразурите“ својот натпревар го играат утре.

Убедлив настап на домашен терен имаше и Фиорентина која со 3:1 ја победи Сампдорија. Сите голови беа постигнати во првото полувреме, гостите поведоа во 15. минута преку Габијадини, но „виолетовите“ возвратија со три гола преку Каљехон, Влаховиќ и Сотил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот