ВИДЕО: Јувентус се спаси во Милано, Елмас доби минутажа против Рома на „Олимпико“

Немаше голови на „Џузепе Меаца“, но имаше два црвени картони за Мурињо и Спалети/Милано, Италија/24 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

В сабота во рамките од деветтото коло во најсилното италијанско првенство немаше победник во дерби натпреварите Рома – Наполи (0:0) и Интер – Јувентус (1:1).

На стадионот „Олимпико“ во Рим двајцата тренери Жозе Мурињо и Лучано Спалети добија црвени картони. Мурињо, стратегот на римската „волчица“ беше исклучен во 82 минута поради протест бидејќи неговата екипа не доби фаул во една ситуација.

А и Спалети беше незадоволен од главниот судија, во 96 минута беше исклучен по краткиот разговор со арбитарот Маса. Се поздрави, потоа неколку пати саркастично му викаше „браво“ со аплауз, а тоа Маса тоа го оцени како провокација.

За Наполи настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од 70 минута како замена за Полјакот Пјотр Зиелински.

На стадионот „Џузепе Меаца“ босанскиот интернационалец Един Џеко стрелаше во 17 минута за водство на Интер против Јувентус. „Старата дама“ успеа во 89 минута да дојде до бод од пенал кој го реализираше Аргентинецот Пауло Дибала.

На табелата после девет кола првото место го делат Наполи и Милан со по 25 бодови, следува Интер кој има 18, два помалку Рома, по 15 Аталанта, Јувентус и Фиорентина, Лацио на осмата позиција со 14…

ВИДЕО: Симеоне го „прегази“ Лацио, Несторовски од клупата го гледаше Удинезе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот