ВИДЕО: Јувентус полека влегува во ритам, еден гол го реши дербито против Рома

Јувентус ја оствари четвртата победа по ред во Серија А/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус славеа во големото дерби од осмото коло во Серија А над Рома со минимални 1:0 и продолжи да се искачува на табелата.

Ова беше четврта победа по ред за „старата дама“ која сега има 14 бодови и се наоѓа на делба од петтото до седмото место на табелата. Од друга страна, Рома и покрај поразот остана на четвртото место на табелата со 15 бодови.
Човек на одлука беше Моисе Кин кој единствениот гол го постигна во 16 минута.

Рома имаше шанса во финишот од првиот дел да дојде до израмнување откако судијата Орсато покажа на белата точка. Но, ударот на Жордан Верету во 44 минута го одбрани голманот Војчех Шчешни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот