Актуелниот шампион во Серија А, Јувентус уште еднаш покажа дека знае како да победи доколку во тимот го нема Кристијано Роналдо.
„Старата дама“ ремизираше на гостувањето кај Беневенто играјќи 1:1. Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, одлучи да му даде одмор на својот најдобар фудбалер и тоа му се одби од глава иако неговиот тим прв поведе. Алваро Мората во 21. минута донесе водство за Јувентус, но фудбалерите на Беневенто израмнија во последните моменти од првото полувреме.
По ремито, Јувентус е петти на табелата со 17 бода, додека Беневенто е 12. со 10 бода.
Интер без проблеми дојде до убедлив триумф од 0:3 на гостувањето кај Сасуло. „Нероаѕурите“ поведоа уште на самиот старт од натпреварот, во четвртата минута преку Алексис Санчез, а десет минути подоцна Кирикеш го зголеми водството. Конечниот резултат го постигна Гаљардини во 60. минута за втора победа по ред на Интер кој се искачи на второто место на табелата со 18 бода, два помалку од лидерот Милан кој утре игра против Фиорентина.