ВИДЕО | Јувентус на српски погон ја победи Салернитана

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Во италијанската Серија А, Јувентус вечерва славеше на гости кај Салернитана со 0:3, а главни во редовите на „старата дама“ беа српските репрезентативци Филип Костиќ и Душан Влаховиќ.

Јувентус против Салернитана покажа дека е далеку поквалитетен противник и заслужено ги освои трите бода. Душан Влаховиќ по скоро четири месеци пауза се запиша во листата на стрелци во 26-тата минута.

Во финишот од првото полувреме еден обид за шут на Влаховиќ се претвори во асистенција за неговиот сонародник Филип Костиќ кој ја смести топката во мрежата за 2:0.

Почетокот на второто полувреме го донесе и вториот гол на Влаховиќ и веќе беше јасно каде ќе одат бодовите од оваа средба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот