ВИДЕО: Јувентус ја совлада Верона и од „минус 15“ се врати во борбата за ЛШ

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Иако сезонава им беа одземени 15 бодови, фудбалерите на Јувентус ќе се борат за место кое води следната сезона групите на Лигата на шампионите.

Вечерва Верона падна во Торино, беше 1:0 во 28 коло од Серија А, па „Старата дама“ која е седма на табелата стигна до 44 бода, што е само четири помалку од посакуваното четврто место кое го делат Милан и Аталанта и шест помалку од третопласираниот Интер.

Верона грчевито се бори за опстанок во елитата, односно се наоѓа на 18 позиција со 19 бодови.

Јуве не блескаше на овој меч, се мачеше во првото полувреме, а „бедемот“ на Верона се проби во 56 минута кога победата ја донесе Кин по асистенцијата на Локатели.

Претходно Кремонезе загуби дома од Аталанта (1:3), додека Фиорентина непријатно го изненади Интер на стадионот „Џузепе Меаца“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот