ВИДЕО: Јуве разбиен на „Меаца“, Интер целосно го надигра шампионот!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во дербито на 18 коло во Серија А вечерва на стадионот „Џузепе Меаца“ со резултат 2:0 Интер беше подобар од актуелниот шампион Јувентус.

Стрелци на головите за „неро-аѕурите“ беа Видал во 12 минута, како и асистентот на тој погодок Барела (52`) по додавањето на Бастони.

За Интер ова е 12 победа сезонава во најсилното италијанско првенство и моментно второ место со 40 бодови. Исто толку има и водечкиот Милан кој својот натпревар ќе го има в понеделник на гостувањето кај Каљари.

„Старата дама“ која го претрпе само вториот пораз сезонава, се наоѓа на петтата позиција со 33 бодови. Неделната програма стартуваше со висока победа на Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, потоа Кротоне без проблеми го совлада Беневенто (4:1), а ремизираа Сасуоло и Парма (1:1).

Нерешено одиграа и Аталанта и Џенова (0:0), а кај гостите по подолг период се врати нашиот Горан Пандев кој настапи од 68 минута како замена за Пјаца.

ВИДЕО: Наполи и Елмас ја декласираа Фиорентина!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот