ВИДЕО: Јуве нема тим за титула, „Старата дама“ не може ни против Верона

Јувентус непрепознатлив оваа сезона во италијанската Серија А/Верона, Италија/30 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Денеска во рамките од 11 коло во најсилното италијанско првенство составот на Јувентус повторно ги разочара своите навивачи откако загуби на гостувањето кај Верона со 2:1.

Домаќините за период од 180 секунди во првото полувреме ги реализираа своите погодоци, поточно Симеоне беше двоен стрелец во 11 и 14 минута.

„Старата дама“ до крајот на средбата успеа само да го ублажи својот пораз во 80 минута преку МекКени.

Претходно заврши уште еден меч, со резултат 2:2 ремизираа екипите на Аталанта и Лацио.

Во генералниот пласман во Серија А лидери се Наполи и Милан со по 28 бодови, Аталанта е на петтата позиција со 19 бодови, веднаш пред Лацио кој има 18, а на седмото и осмото место по 15 бодови се Верона и Јувентус, а исто толку има и деветтопласираната Фиорентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот