ВИДЕО | Јутубер на 1.000 слепи луѓе им плати операција која им го врати видот

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Џими Доналдсон, којшто е познат како „MrBeast“ на Јутјуб, од неодамна стана најпретплатениот создавач на оригинална содржина на оваа платформа. Имено, тој го надмина својот колега Феликс Арвид Улф Шелберг, попознат како „PewDiePie“, кој има нешто повеќе од 130 милиони претплатници на неговиот главен канал на Јутјуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)


Наводно, тој заработува околу 5 милиони долари месечно, што го прави најплатениот создавач на содржина на Јутјуб. Џими Доналдсон го отвори својот канал „MrBeast“ пред нешто повеќе од десет години, но постигна позначителен успех дури во 2017 година поради неговите чести донации на пари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)


Младиот јутубер, пред неколку дена го објави своето најново видео во кое им помага на над 1.000 слепи луѓе да прогледат со помош на операции кој траат само 10 минути. Иако интервенцијата е едноствна и трае многу кратко голем дел од луѓето неможеле да ја направат бидејќи немале доволно финансии или не биле запознаени дека постои можност за интервенција која ќе им го врати видот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)


Џими е истакнат финалнтром кој активно им помага на социјално загрозени семејства со парична помош. Голем дел од финансиите се лично негови, но исто така добива помош и од спонзори.

„Лечиме слепило на 1.000 луѓе“, а видеото за 24 часа достигна повеќе од 32 милиони прегледи, а до денес има повеќе од 40 милиони прегледи.

Во продолжение погледнете го целото видео:

Како до милиони следбеници? Најплатениот јутјубер во светот го откри методот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот