ВИДЕО: Јута продолжува да гази во НБА

epa08640493 Utah Jazz guard Donovan Mitchell (L) drives past Denver Nuggets guard Jamal Murray (R) during the second half of the NBA basketball first round Western Conference playoff game seven between the Utah Jazz and the Denver Nuggets at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 01 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Јута вез која во моментов е најдобар тим во НБА лигата, во дуелот со најдобриот тим во Источната конференција, ја совлада Филаделфија со 134:123.
Ова беше осма победа по ред за Јута, а вкупно 19. во последните 20 натпревари, а единствениот пораз го доживеаја од Денвер нагетс. Во натпреварот против Филаделфија која настапи без својот најдобар играч Џоел Ембид, Јута имаше проблеми сами во првата четвртина која ја загуби со 35:42, за во втората да дојдат до пресврт и на одмор за заминат со шест поени предност и до крајот на натпреварот го контролираше резултатот и не ја доведе во прашање победата.

Џордан Кларксон кој е главен фаворит за наградата за најдобра резерва, уфрли дури 40 поени, додека Донова Мичел даде 24 поени. Кај Филалдефија, во отсуство на Ембил, одговорноста ја презедоа Бен Симонс кој постигна 42 поени и Тобајас Херис со 36 поени.

Конечно проработе тандемот Кајри Ирвинг-Џејмс Харден кој е најзаслужен за победата на Бруклин над Сакраменто од 136:125. Натпреварот беше решен во второто полувреме, а Ирвинг постигна 40 поени, додека Харден оствари триплк-дабл од 29 поени, 13 скокови и 14 асистенции.

ЛА Клиперс иако играше без двајцата најдобри играчи, Каваи Ленард и Пол Џорџ, успеа да го совлада вицешампионот Мајами со 125:116. Маркус Морис ја презеде улогата на реализатор и со 32 поени беше најпрецизен во победничкиот тим, а одличен беше и Ивица Зубац со 22 поени. Џими Батлер со 30 и Бем Адебајо и Тајлеро Хироу со по 27 поени беа најзабележителни во редовите на Мајами.

Резултати:
Индијана – Чикаго 112:120
Вашингтон – Хјустон 131:119
Њујорк – Атланта 123:112
Јута – Филаделфија 134:123
Голден Стејт – Кливленд 129:98
ЛА Клиперс – Мајами 125:110
Сакраменто – Бруклин 125:136

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот