ВИДЕО: Јута на една победа од полуфинале во Западната конференција

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Доцна синоќа во четвртиот натпревар од првата рунда на Истокот екипата на Вашингтон славеше против Филаделфија со 122:114 за намалување на 3:1 во серијата.

Визардси до триумфот беа предводени од Бил со 27 поени, Хачимура 20 поени (13 скокови) и Вестбрук кој запиша 19 поени, 21 скок и 14 асистенции.

За Сиксерси доминираше Херис со 21 поен, следен од Мекси со 16, додека Ембид одигра 11 минути на паркетот и постигна осум поени.

Јута е на една победа од пласман во полуфиналето на Западната конференција, „џезерите“ повторно како гости триумфираа над Мемфис со 120:113.

Блескаше Мичел со 30 поени, шест помалку имаше Кларксон, а за Гризлис прв стрелец беше Морент со 23 поени, додека Брукс 21.

НБА лига, плеј-оф

Вашингтон визардс – Филаделфија сиксерс 122:114 (1:3)
Мемфис гризлис – Јута џез 113:120 (1:3)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот