ВИДЕО: Јута ита кон финале, Мидлтон и Јанис постигнаа 68 од 86 поени за Милвоки
Кошаркарите на Милвоки после два убеливи порази, успеаја на свој терен да го совладаат Бруклин со 86:83 и така намалат на 2:1 во серијата во НБА конференциското полуфинале на Истокот.
Тандемот Крис Мидлтон – Јанис Адетокунбо блескаше во Милвоки, тие заедно постигнаа 68 од 86 поени на екипата.
Милдтон реализираше 35 поени и 15 скокови, додека Адетокунбо 33 поени и 14 скокови. На спротивната страна за Нетси Кевин Дурект постигна 30 поени, следен од Кајри Ирвинг (22), а Џејмс Харден не беше во составот поради повреда.
Јута поведе и со 2:0 во конференциското полуфинале на Западот против ЛА Клиперс (117:110). Кај „џезерите“ Донован Мичел реализираше 37 поени, 24 беа дело на Џордан Кларксон.
За составот од Лос Анџелес Реџи Џексон беше прв стрелец со 29 поени, два помалку запиша Пол Џорџ, а Кавај Ленард мечот го заврши со 21 кош.