ВИДЕО | Јута го доби дербито со шампионот, Бостон пресилен за Феникс

Фото: Utah Jazz/Тwitter

Кошаркарите на Јута славеа во дербито со шампионот Голден Стејт во богатата вечер со натпревари во НБА.

Јута во драматичен натпревар дојде до победа со 124:123, а херојот беше Симоне Фонтеки кој поентираше на 1.4 секунди пред крајот на средбата и донесе победа за „џезерите“. Кларксон уфрли 22 поени и беше најефикасниот кај домаќините додека кај Голден Стеј Пул броеше до 36.

Дерби се очекуваше да биде и дуелот Феникс – Бостон, но гостите го прегазија Феникс со 125:98. Предноста Бостон ја направи уште во првото полувреме, па во продолжение успешно ја задржа. Браун и Тејтум го водеа Бостон со по 25 поени, за Бостон ова беше осма победа во последните девет натпревари.

Уште еден одличен натпревар одигра Јанис Антетокумпо кој постигна 35 поени во победата на Милвоки со Сакраменто од 126:113. За грчкиот интернациоанлец ова беше осми натпревар во кој ја минува границата од 30 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо–ЛА Клиперс 116-111 (п), Торонто–ЛА Лејкерс 126-113, Њујорк–Атланта 113-89, Бруклин–Шарлот 122-116, Чикаго–Вашингтон 115-111, Мемфис–Оклахома Сити 123-102, Њу Орлеанс–Детроит 104-98, Милвоки–Сакраменто 126-113, Минесота – Индијана 121-115, Јута–Голден Стејт 124-123.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот