ВИДЕО: Јута е првиот полуфиналист во Западната конференција

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Доцна синоќа во НБА лигата во првата рунда од плеј-офот на Западот составот на Јута со резултат 126:110 дојде до четвртата победа (4:1) и на тој начин го елиминираше Мемфис.

Кај победникот доминираше Мичел со 30 поени (10 асистенции), а за поразените по 27 поени запишаа Брукс и Морант (11 асистенции). „Џезерите“ се првите полуфиналист во Западната конференција и во следната фаза ќе играат со подобриот од дуелот Лос Анџелес клиперс – Далас маверикс.

А таму со 3:2 во серијата моментно водат Маверикси кои на „крилјата“ на Дончиќ во „Стејплс центар“ триумфираа со 100:105.

Словенецот има уште една одлична партија, забележа 42 поени, осум скокови и 14 асистенции, а кај домаќините „дабл-дабл“ учинок оствари Џорџ од 23 поени и 10 скокови.

Позната е и втората полуфинална двојка на Истокот, Филаделфија ќе ги одмери силите против екипата на Атланта. На домашен терен Филаделфија со 129:112 го совлада Вашингтон за 4:1 во серијата. Во триумфот на Сиксерси прв стрелец беше Сет Кари со 30 поени, а за Визардси два коша повеќе имаше Бил.

И Атланта со 4:1 го исфрли Њујорк, во „Медисон Сквер Гарден“ славеа Хокси со 89:103 предводени од Јанг со 36 поени и девет асистенции. За Никси најрасположен беше Рендл со 23 поени и 13 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот