ВИДЕО: Јута доминира на Западот, Хјустон без Харден е „друга песна“!

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Доцна синоќа се одиграа нови натпревари во НБА лигата, Јута која лани беше елиминирана уште во првата рунда од плеј-офот, сезонава најавува дека има амбиции да оди што подалеку.

„Џезерите“ ја забележаа и 22 победа, седма победа по ред, овојпат славеа над Мајами Хит со резултат 112:94. Мичел блескаше во триумфот со 26 поени, а на спротивната страна за „жешките“ прв стрелец беше Нан со 23 поени.

Моментно во Западната конференција составот на тренерот Куин Снајдер се наоѓа на првото место со учинок 22-5, пред второпласираниот Лос Анџелес Лејкерс (21-6).

После заминувањето на главната ѕвезда Харден (во Бруклин Нетс), сега прашање е дали Хјустон, кој лани стигна до полуфиналето на Западот, има сила да дојде барем до плеј-офот..

Загубија и од Њујорк (121:99), тоа е за нив веќе 15 пораз (петти во низа) за моментно 13 место, недоволни беа одличните партии на Вол (26 поени) и Гордон (24 поени, шест асистенции). Никси, кои се четвртопласирани на Истокот, беа предводени од Квикли и Рендл (девет скока) кои постигнаа по 22 поени.

НБА, резултати –

Феникс Санс-Филаделфија Сиксерс 120:111
Атланта Хокс-Индијана Пејсерс 113:125
Њујорк Никс-Хјустон Рокетс 121:99
Голден Стејт Вориорс-Бруклин Нетс 117:134
Јута Џез-Мајами Хит 112:94

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот