ВИДЕО: ЈСП со дневен билет од 120 ден за неограничен број користења во текот на еден ден

Деспина Трајковска Димова, ЈСП-Скопје/Фото: Слободен печат

ЈСП Скопје со нова поволност за корисниците на јавниот превоз. Од вчера во промет пуштен дневен билет со кој граѓаните ќе може да се возат неограничено во текот на денот на сите линии.

Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз.

За деталите околу оваа поволност во Утрински брифинг разговаравме со портпаролот на ЈСП Скопје Деспина Трајковска Димова.

-Од вчера во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден. Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии (градски и приградски). Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува. Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска“ (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично), рече Трајковска Димова

Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз.

Цената на сите останати билети останува иста.

Разговорот погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот