ВИДЕО | Јовановски: ЗХГ не е во Совет да опструира, ќе поддржуваме добри идеи и сакаме нашите да бидат слушнати

Горјан Јовановски, ЗХГ / Утрински брифинг

Со овие два месеци изборни кампања, волонтерска, со љубов, апсолутно сме задоволни. Ова е еден почеток на зелена и хумана иднина на Скопје која ќе потрае, изјави за „Утрински брифинг“ Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“.

Опцијата на „Зелен хуман град“ беше Ана Петровска. За понатаму оставаме граѓаните да одлучат дали и кого би поддржале, бидејќи ние не излегуваме со наша опција, додаде Јовановски.

– Досегашниот Совет е една црна кутија, каде не се знае кој и што работи. Идејата, меѓу другуто, ни е да ја отвори работата на Советот кон граѓаните, користејќи ја дигитализација и преку концепт на директна демократија да влезат внатре во Советот, вели Јовановски.

Целиот разговор проследете го во видеото во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот