ВИДЕО | Joкиќ збесна па заработи исклучување, Денвер сепак победи

Фото: Screenshot

Тимот на Денвер славеше на гостински терен против Детроит Пистонс со 103:107, а до овој резултат стигна во главно без првата ѕвезда на тимот, Никола Јокиќ.

Јокиќ на паркетот беше само 15 минути по што беше исклучен од судиите. Србинот заработи две технички грешки и му беше покажан патот кон соблекувалната. Во еден момент тој ги загуби нервите и тргна да се објаснува со судијата и во таа ситуација очигледно претерал.

Поради протести кон судијата пред Јокиќ натпреварот го напушти и тренерот Мејк Мелоун.

„Мислам дека Никола беше загрижен за моето здравје, тешко е да се гледа натпревар на телевизор. Се прегнуваме по добрите акции, а заедно пцуеме на српски по лошите“, изјави стратегот на Денвер.

Од почетокот на сезоната Денвер е со скор од десет поебди и четири порази.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Бостон 129-142, Шарлот – Бостон 121-118, Сан Антонио – ЛА Клиперс 99-124, Њу Орлеанс – Сакраменто 129-93, Минесота – Њујорк 117-100 и Чикаго – Мајами 100-118, Голден Стејт – Хјустон 121:116.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот