ВИДЕО | Јокиќ во Денвер „стана“ и тренер

Фото: Screenshot

Интересна сцена беше видена на полувремето од натпреварот помеѓу Денвер и Торонто кој заврши со победа на тимот на Никола Јокиќ со 118:113.

Во четвртата победа на Денвер во низа, Јокиќ учествуваше со 17 поени, 13 скока и девет асистенција, но во една ситуација беше и во улога на „тренер“. На социјалните мрежи се појави снимка на која може да се види како Јокиќ на тренерот Мајк Мелоун му дава совети на таблата за тактика.

Сезонава на Денвер му оди одлично и тие се лидери на западот со скор од 49:16.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Бостон 118:114 (после продолжение), Детроит – Портланд 104-110, Индијана – Филаделфија 143:147, Мајами – Атланта 130:128, Денвер – Торонто 118:113, Сакраменто – Њу Орлеанс 123:108.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот