ВИДЕО | Joкиќ со нов трипл-дабл влезе во елитно друштво

Фото: Denver Nuggets

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи во НБА лигата, а во изминатата вечер во победата против Хјустон од 133:112 го запиша својот 100-ти трипл-дабл со што влезе во елитно друштво со само уште петмина кошаркари.

Пред Јокиќ до троцифрена бројка на ваков учинок стигнаа: Леброн Џејмс 106, Џејсон Кид 107, Меџик Џенсон 138, Расел Вестбрук 198 и Оскар Робертсон 181. Натпреварот против Хјустон, Јокиќ го заврши со 14 поени, 11 скока и 10 асистенции, на теренот помина само 28 минути и доби поголем одмор поради водството на неговиот тим.

Лука Дончиќ и покрај тоа што играше одлично и постигна 39 поени, сепак не се израдува на својот роденден затоа што Далас беше поразен од Индијана со 122:124. Покрај постигнатите 39 поени, Дончиќ додаде уште осум скока и шест асистенции. Халбртрон на спротивната страна уфрли 32.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Вашингтон 116-119, Бруклин – Милвоки 104-118, Мемфис – ЛА Лејкерс 121-109, Торонто – Чикаго 104-98, Хјустон – Денвер 112-133, Оклахома – Сакраменто 117-123, Далас – Индијана 122-124, Јута – Сан Антонио 94-102, Голден стејт – Портланд 123-105, ЛА Клиперс – Минесота 101-108.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот