ВИДЕО | Joкиќ промаши шут за продолженија во поразот на Денвер
Кошаркарите на Минесота славеа победа над Денвер од 119:116 во дербито во НБА лигата изминатата вечер, а Никола Јокиќ во последната секунда промаши шут со кој можеше да донесе продолженија.
Одигра Јокиќ уште еден натпревар со одлични бројки и имаше 26 поени, девет скокови и 13 асистенции и само еден скок го делеше од нов трипл-дабл. Најдобар кај Денвер сепак беше Арон Гордон со 31 поен и 11 скокови, Мајкл Портер Џуниор уфрли 26 поени.
На спротивната страна Минесота ја предводеше Ентони Едвардс со 29 постигнати поени, а зад него следеше Руди Гобер со 17 поени и 14 скокови.
Првиот период од натпроеварот припадна на Минесота и во втората четвртина поведе и со 16 разлика, но подоцна Денвер заигра подобро и во вториот дел дојде и до целосен пресврт. Минесота сепак со тројките во клучните моменти на Александар Вокер и Едвардс повторно ја презема контролата и славеше победа на крајот.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бостон 109-124, Кливленд – Орландо 120-109, Детроит – Њујорк 98-128, Атланта – Сакраменто 115-123, Бруклин – Чикаго 120-112, Торонто – ЛА Лејкерс 125-131, Њу Орлеанс – Индијана 125-118, Портланд – Оклахома 114-137.