ВИДЕО | Јокиќ продолжува да блеска: Со нов трипл-дабл го водеше Денвер до победа против Оклахома

Фото: EPA-EFE/JOHN

Никола Јокиќ игра фантастично со почетокот на новата сезона во НБА лигата. Српскиот кошаркар во изминатата вечер против Оклахома одново блесна со трипл-дабл и го предводеше својот тим до победа со 125:123.

Јокиќ натпреварот го заврши со 23 поени, 18 скокови и 16 асистенции, а додаде и уште две украдени топки и три блокади.

За Оклахома ова беше прв пораз сезонава откако досега имаа импресивен учинок од седум победи во низа. Единствен непоразен тим во лигата сега е Кливленд со скор 9:0.

Почетокот од натпреварот и припадна на Оклахома која поведе и со 13 разлика на стартот од второто полувреме. До тој период од натпреварот кошаркарите на Оклахома беа подобри на паркетот, меѓутоа како што одминуваше времето, Јокиќ и друштвото се враќаа во игра.

Работите како да се променија по техничката грешка која ја заработи тренерот на Денвер Мајк Мелоун кој влезе на паркетот, а неговиот тим тогаш започна да игра подобро. Денвер направи пресврт дојде до „плус осум“ за во завршницата да гледаме драма бидејќи Оклахома се врати на само „минус три“. Сепак, Денвер не дозволи пресврт.

Покрај Јокиќ одличен беше и Расел Вестбрук со 29 поени и шест асистенции. Мајкл Портер Џуниор и Кристијан Браун додадоа по 24, додека Џејлен Вилијмас за Оклајома уфрли 29 поени со 10 скока и девет асистенции, зад него беше Шеј Гилџес-Александер со еден поен помалку.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Орландо 118:111
Шарлот – Детроит 108:107
Атланта – Њујорк 121:116
Бостон – Голден Стејт 112:118
Хјустон – Сан Антонио 127:100
Мемфис – ЛА Лејкерс 114:131
Њу Орлеанс – Кливленд 122:131
Далас – Чикаго 119:99
Феникс – Мајами 115:112
ЛА Клиперс – Филаделфија 110:98
Сакраменто – Торонто 122:107

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот