ВИДЕО: Јокиќ доминираше, не дозволи изненадување против Детроит

Никола Јокиќ /Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ беше најдобар поединец на мечот меѓу Денвер и Детроит, кој им припадна на Нагетси со резултат 117:111.

Актуелниот МВП на НБА лигата беше многу блиску до нов „трипл-дабл“ учинок, но му донесе уште еден триумф на својот тим. Натпреварот го заврши со 34 поени, девет скока, осум асистенции, две украдени топки и една блокада.

Во текот на третата четвртина Денвер успеа да се одлепи, имаше максимални „+16“ разлика, што не му беше доволно мирно да го приведе натпреварот кон крајот.

Детроит се врати во финишот, а во последната минута го израмни резултатот на 111:111. Потоа на сцена стапи Јокиќ, кој двапати беше фаулиран, искористи четири „пенали“, а триумфот од линијата за слободни фрлања го потврди и Монте Морис.

Покрај Јокиќ, во редовите на Денвер двоцифрен беше и Бартон со 14 поени, Гордон додаде 13. Кај Пистонси најефикасни со по 18 поени беа Канингем, Џозеф и Лајлс.

Денвер продолжи со променливите игри, има скор 24-21 и моментално е шести на Западот. Од друга страна, ова за Детроит е 35. пораз сезонава и го држи претпоследното место на Истокот.

НБА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ

Њујорк – Лос Анџелес Клиперс 110:102
Вашингтон – Бостон 87:116
Мајами – ЛА Лејкерс 113:107
Орландо – Чикаго 114:95
Торонто – Портланд 105:114
Шарлот – Атланта 91:113
Сан Антонио – Филаделфија 109:115
Далас – Мемфис 104:91
Денвер – Детроит 117:111
Минесота – Бруклин 136:125
Голден Стејт – Јута 94:92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот