ВИДЕО: Јокиќ блескаше со „дабл-дабл“ против Милвоки и стигна до нов личен рекорд во НБА

Никола Јокиќ блескаше во новиот голем триумф на Денвер нагетс во НБА лигата. Тимот од Колорадо го декласираше еден од најголемите фаворити за титулата, тимот на Милвоки бакс (129:106), а најзаслужен за победата беше српскиот центар на Денвер.
На дербито меѓу лидерите на Западот и Истокот, Јокиќ оствари импресивен „дабл-дабл“ учинок од 31 поен и 11 асистенции, а воедно запиша и шест скока.
На овој меч двократниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот ја надмина нереалната бројка од 12,000 постигнати поени во НБА лигата, што е негов нов личен рекорд.
Гркот Јанис Адетокумбо беше најефикасен во редовите на Милвоки со 31 постигнат поен, девет скока и четири асистенции.
НБА, резултати –
Мајами – Бруклин 100:129
Денвер – Милвоки 129:106
Феникс – Филаделфија 125:105
Сакраменто – Јута 121:113
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 110:131