ВИДЕО: Јокиќ уште еднаш потврди дека е фаворит за МВП наградата!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична партија во НБА лигата/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ продолжи да го води Денвер во серија победи, овојпат во драматична завршница на гостувањето кај Портланд со 106:105 во НБА лигата.

Српскиот центар и доцна синоќа го потврди статусот најголем фаворит за МВП наградата на крајот од сезоната завршувајќи го мечот како најефикасен со 26 поени, пет асистенции и му недостасуваше само уште еден скок за 10 по ред „дабл-дабл“.

На спротивната страна за Трејл Блејзерси блескаше Демијан Лилард со 22 поени, додаде четири скока и пет асистенции.

Јута триумфираше над Хјустон со 112:89 најмногу благодарение на одличниот Кларксон кој запиша 22 поени. За Рокетси доминираше Вол со 21 кош, а Вуд имаше 16.

НБА лига, резултати –

Кливленд – Чикаго 121:115
Индијана – Оклахома 122:116
Филаделфија – Феникс 113:116
Торонто – Бруклин 114:103
Вашингтон – Голден стејт 118:114
Хјустон – Јута 89:112
Њујорк – Атланта 137:127 (после 1 продолжение)
Далас – Детроит 127:117
Сан Антонио – Мајами 87:107
ЛА Клиперс – Мемфис 117:105
Портланд – Денвер 105:106
Сакраменто – Минесота 128:125

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот