ВИДЕО: Јокиќ со „трипл-дабл“ во победата на Денвер, Далас обезбеди плеј-оф

epa09045631 Denver Nuggets center Nikola Jokic of Serbia (L) tries to move around Chicago Bulls center Wendell Carter Jr. (R) during the NBA basketball game between the Denver Nuggets and the Chicago Bulls at the United Center in Chicago, Illinois, USA, 01 March 2021. EPA-EFE/TANNEN MAURY SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Денвер доцна синоќа на гостински терен ја совладаа екипата на Детроит со 104:91, а Никола Јокиќ, кандидатот за наградата МВП оваа сезона, запиша нов „трипл-дабл“ учинок во НБА лигата.

Српскиот центар за 26 минути на паркетот постигна 20 поени, 15 скока и 11 асистенции, а ист број поени постигна и Маркус Хауард. За Пистонси, кои загубија и и 11 пат во последните 13 натпревари, најефикасен беше Хамиду Дијало со 18 поени.

Денвер сега има 47 победи и 24 порази, колку што имаат Лос Анџелес Клиперс, кој синоќа загуби од Хјустон со 122:115, што беше прв триумф за „ракетите“ по седум врзани порази.

Јута ја победи Оклахома со 109:93, водечкиот тим во Западната конференција до победата го предводеше Бојан Богдановиќ со 22 поени, Џордан Кларксон додаде 18, а Руди Гобер 16 поени и 18 скока.

Далас го победи Торонто со 114:110 и со таа победа обезбеди пласман меѓу шесте најдобри екипи на Западната конференција.

Најдобар во тимот на Далас беше Лука Дончиќ, кој го забележа 11 „трипл-дабл“ во сезоната со 20 поени, 10 скока и 11 асистенции. Кристапс Порзингис додаде 21 поен и 10 скока за победничкиот тим, додека за Репторси најдобар беше Џејлен Херис со 31 кош.

НБА лига, резултати –

Вашингтон Визардс – Кливленд Кавалирс 120:105
Детроит Пистонс – Денвер Нагетс 91:104
Филаделфија Сиксерс – Орландо Меџик 122:97
Оклахома Сити Тандер – Јута Џез 93:109
Мемфис Гризлис – Сакраменто Кингс 107:106
Далас Маверикс – Торонто Репторс 114:110
Хјустон Рокетс – ЛА Клиперс 122:115
Голден Стејт Вориорс – Њу Орлеанс Пеликанс 125:122

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот