ВИДЕО: Јокиќ со нов „дабл-дабл“ учинок, Денвер го урна и Торонто!

Никола Јокиќ уште еднаш докажа зошто беше МВП за минатата сезона/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Никола Јокиќ продолжи да го предводи тимот на Денвер и во победата над Торонто доцна синоќа во НБА лигата со резултат 121:111.

Овојпат српскиот центар не беше најефикасен играч, натпреварот го заврши со нов „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 11 скока.

Поефикасен од неговите тимски колеги беше само Мајкл Портер со 23 поени (седум скока), а на спротивната страна за Репторси доминираше Оџи Ануноби со 25 коша.

Играчите на Далас без Лука Дончиќ го надиграа тимот на Детроит со 115:105. Маверикси дојдоа до триумфот најмногу благодарение на фантастичниот Тим Хардавеј Јуниор кој постигна 41 поен.

Први стрелци кај Пистонси со по 20 поени беа Џексон и Стјуарт, овој вториот додаде осум скока.

НБА лига, резултати –

Детроит – Далас 105:115
Индијана – Бруклин 113:130
Хјустон – Милвоки 143:136
Минесота – Голден стејт 126:114
Денвер – Торонто 121:111
Оклахома – Њу Орлеанс 95:109

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот