ВИДЕО: Јокиќ со МВП партија, Богдановиќ најефикасен против Орландо!

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер доцна синоќа во НБА лигата ја совладаа Минесота со 114:103 со нова одлична партија на Никола Јокиќ.

Српскиот центар го заврши натпреварот со 31 поен, 14 скока и четири асистенции за 32 минути игра на паркетот.

Имаше помош од Ерон Гордон и Маркус Хауард кои запишаа по 15 коша, додека на спротивната страна за Тимбервулвс Ентони Едвардс забележа 29.

Атланта на домашен терен беше подобра од Орландо со 116:93, а српскиот интернационалец Богдан Богданпвиќ со 27 поени беше најефикасен во победничката екипа.

НБА лига, резултати –

Шарлот – ЛА Клиперс 90:113

Индијана – Милвоки 133:142

Атланта – Орландо 116:93

Мајами – Филаделфија 106:94

Њујорк – Сан Антонио 102:98

Чикаго – Торонто 114:102

Мемфис – Сакраменто 116:110

Минесота – Денвер 103:114

Феникс – Портланд 118:117

Обложувалниците во САД немаат дилеми, Јокиќ е МВП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот