ВИДЕО: Јокиќ со фантастичен „трипл-дабл“ го урна шампионот!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер доцна синоќа во НБА лигата на домашен терен го совладаа актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс со 122:105.

Во центарот на вниманието во минатогодишното финале на Западната конференција беа Никола Јокиќ во дресот на Нагетси и Леброн Џејмс во редовите на „езерџиите“.

Српскиот центар го заврши дуелот со 23 поени, 16 скока и 10 асистенции (поефикасен беше само Џамал Мареј со 25 коша), додека „кралот“ Џејмс запиша 22 поени, 10 скока и девет асистенции, но тоа не беше доволно, па така заврши низата од седум победи по ред на Лејкерси.

НБА шампионите се моментно второпласирани на Западот со 21 триумф и седум порази, додека Денвер е седмопласиран со учинок 15-11.

НБА, резултати –

Вашингтон Визардс – Бостон Селтикс 104-91
Торонто Репторс – Минесота Тимбервулвс 112-116
Шарлот Хорнетс – Сан Антонио Спарс 110-122
Детроит Пистонс – Њу Орлеанс Пеликанс 123-112
Далас Маверикс – Портланд Трејл Блејзерс 118-121
Оклахома Сити Тандер – Милвоки Бакс 114-109
Феникс Санс – Орландо Меџик 109-90
Денвер Нагетс – Лос Анџелес Лејкерс 122-105
Сакраменто Кингс – Мемфис Гризлис 110-124
Лос Анџелес Клиперс – Кливленд Кавалирс 128-111

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот