ВИДЕО: Јокиќ со „дабл-дабл“ го урна НБА вицешампионот!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер убедливо го совладаа Мајами на гостински терен со конечен резултат 109:82 доцна синоќа во НБА лигата.

Составот на Мајкл Мелоун со 18 „дабл-дабл“ учинок по ред го предводи српскиот центар Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 21 поен, 11 скока и три асистенции за околу 34 минути на паркетот.

За петтиот триумф во низа заслужен беше и Портер Џуниор кој додаде 17 поени, а два помалку Џамајкл Грин. За „жешките“ најефикасен беше Кендрин Нан со 18 коша, а „двоцифрени“ беа уште Адебајо (15) и Ачиува (10).

Доста возбудливо беше и на дуелот помеѓу Филаделфија и Лос Анџелес Лејкерс, во кој шампионот беше минимално поразен со 107:106.

На две секунди пред крајот на натпреварот кај Сиксерси реализираше од дистанца Тобајас Херис кој ја заврши средбата со 24 поени (седум скока).

Поефикасен од него беше само Џоел Ембид со 28 поени, а недоволни беа 34 поени на Леброн Џејмс за „езерџиите“.

НБА, резултати –

Шарлот – Индијана 106:116

Кливленд – Детроит 122:107

Орландо – Сакраменто 121:107

Атланта – Бруклин 128:132

Мајами – Денвер 89:102

Филаделфија – ЛА Лејкерс 107:106

Торонто – Милвоки 108:115

Сан Антонио – Бостон 110:106

Њу Орлеанс – Вашингтон 124:106

Феникс – Оклахома Сити 97:102

Јута – Далас 116:104

Голден Стејт – Минесота 123:111

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот