ВИДЕО: Јокиќ растура во НБА ама џабе, Денвер губи

Никола Јокиќ имаше уште една одлична партија во НБА лигата/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ одигра неверојатен натпревар против Сакраменто, но на крајот скапо го чинеа загубините топки.

Денвер нагетс по втор пат сезонава загуби од Сакраменто, овој пат со 125:115, а Никола Јокиќ имаше трипл-дабл.
Јокиќ во поразот на својот тим имаше скор од 26 поени, 11 скокови и 12 асистенции, но имаше и дури 10 загубени топки. Со новиот трипл-дабл, тој стана рекордер во историјата на Денвер бидејќи ова беше негов 44. трипл-дабл во кариерата со што го помина Фет Лејвер кој има 43. вакви остварувања.

Денвер имаше одлична шанса да слави против Сакраменто но по одличната трета четвртина, одиграа катастрофално во последната која ја загубија со 29:15. За речиси шест минути играчите на Денвер постигнаа само еден поен додека Сакраменто имаше своја серија од 14 поени со која дојде до двоцифрена предност која не ја испушти до крајот.
Најефикасен во победата на Сакраменто беше Деарон Фокс со 24 поени, Ричон Холмс уфрли 20, додека кај Денвер покрај Јокиќ се истакна Мајкл Портер со 30 поени и 10 скока.

Оклахома сити тандер загуби од Орландо меџик за кого одлично одигра Никола Вучевиќ со 28 поени и 10 скокови.

ЛА клиперс по историскиот пораз од Далас маверикс, успеа да се опорави и со 124:101 да ја совлада Минесота. Каваи Ленард се уште одмора по повредата која за задоби на дуелот со Денвер, и во негово отсуство најрасположен за игра беше Лу Вилијамс со 20 поени.

Милвоки бакс го уништи вицешампионот Мајами и во му реваншира за поразот во финалето на Источната конференција минатата сезона. Милвоки славеше со дури 144:97, а притоа поставија клупски рекорд со постигнати 29 тројки од 51 шут. Во тој сегмент од играта се истракнаа Џру Холидеј со шест и Донте Дивиченцо со пет тројки. На крајот Крис Мидлтон беше најпревизен со 25 поени, а Холидеј даде поен помалку.

Резултати:
Кливленд – Њујорк 86:95
Детроит – Голден Стејт 106:116
Индијана – Бостон 111:116
Филаделфија – Торонто 100:93
Вашингтон – Чикаго 107:115
Мајами – Милвоки 97:144
Орландо – Оклахома сити 118:107
ЛА Клиперс – Минесота 124:101
Феникс – Њу Орлеанс 111:86
Сакраменто – Денвер 125:115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот