ВИДЕО: Јокиќ продолжи со одличните игри, „трипл-дабл“ и во победата над Орландо!

Денвер се врати на победничките патеки во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ не запира со фантастичните партии, имаше нов трипл-дабл учинок во дресот на Денвер овојпат во победата над Орландо со 110:99 доцна синоќа во НБА лигата.

Српскиот интернационалец го оствари 12 трипл-дабл учинок во сезоната, водејќи го тимот до 26 триумф. 26-годишниот центар беше најефикасен во неговата екипа со 28 постигнати поени, додаде 15 скока и 10 асистенции.

Во поразениот Орландо, Еван Фурние запиша 31 кош на паркетот, но тоа не му помогна многу на неговиот тим. Со оваа победа, Нагетси се зацврстија на петтото место на табелата во Западната конференција (26-17).

НБА лига, резултати –

Орландо – Денвер 99:110
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 128:111
Њујорк – Вашингтон 131:113
Мајами – Феникс 100:110
Голден Стејт – Филаделфија 98:108
Портланд – Бруклин 112:116

Табела, Источна конференција –
1.Филаделфија 31-13 (победи – порази)
2.Бруклин 30-14
3.Милвоки 28-14

Табела, Западна конференција –
1.Јута 31-11
2.Феникс 29-13
3.ЛА Клиперс 28-16

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот