ВИДЕО: Јокиќ погоди за продоление, Дончиќ за победа на Далас

epa08906947 Dallas Mavericks guard Luka Doncic (L) drives to the basket over Los Angeles Clippers guard Patrick Beverley during the first half of the NBA basketball game between Dallas Mavericks and Los Angeles Clippers at Staples Center in Los Angeles, California, USA, 27 December 2020. EPA-EFE/ALEX GALLARDO SHUTTERSTOCK OUT SHUTTERSTOCK OUT

Далас маверикс го совладаа Денвер нагетс со 124:117 по продолжението од пет минути.

Денвер беше подобар тим во првите две четвртини, имаше и двоцифрена предност, но сепак на пауза замина со 52:43. Кошаркарите на Далас не се откажуваа и со голема борбеност успеаја да се вратат во игра во завршницата од третата четвртина кога негативата изнесуваше само два поени.

Во последната четвртина се водеше голема борба во која и двете екипи се менуваа во водството. На три секунди до крајот Клебер погоди тројка за водство на Далас од 109:107. Денвер го однесе натпреварот во продолжението од пет минути благодарение на Никола Јокиќ кој беше прецизен во последниот напад.
Сепак во продолжението, поприсебни беа кошаркарите на Далас кои дојдоа до победата, а свој печат стави Лука Дончиќ кој во последните моменти постигна четири поени по ред.
Најефикасен во редовите на Далас вообичаено беше Дончиќ со 38 поени, 9 скокови и 13 асистенции, додека кај Денвер, Никола Јокиќ имаше 38 пени и 11 скокови.

Само два дена откако Сан Антонио го совлада ЛА Клиперс, тимот предводен од тренерот Грег Попович го совлада и вториот тим од Лос Анџелес, Лејкерси со 118:109 и ја прекина серијата од четири победи на шампионите.
Ламаркус Олдриџ со 28 пени беше најдобар кај „мамузите“, додека кај шампионот Леброн Џејмс постигна 27 поени, а Ентони Дејвис 23 поени и 10 скокови.

Демиен Лилард со 39 поени е најзаслужен за победата на Портланд од 135:117 над Минесота. Во четвртиот триумф на Портланд голем удел имаше и Јусуф Нуркиќ со 17 поени.

Во дербито на Источната конференција, Бруклин со 122:109 ја совлада Филаделфија која пак ја прекина серијата од дури шест победи во низа. Најдобар кај Бруклин беше Џо Херис со 28 поени.

Резултати:
Бруклин – Филаделфија 122:109
Мемфис – Кливленд 90:94
Денвер – Далас 117:124
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 109:118
Портланд – Минесота 135:117

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот