ВИДЕО: Јокиќ игра како МВП, доминираше и против Лос Анџелес Клиперс!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден натпревар на МВП ниво, а овој пат „жртва“ беше Лос Анџелес клиперс.

Денвер во Лос Анџелес ги совлада Клиперси со резултат 110:104, а уште еден блескаше Јокиќ на паркетот запишувајќи 30 поени, 14 скока, седум асистенции и една блокада.

Имаше помош од неговиот клупски колега Мајкл Портер Џуниор кој забележа 25 поени, а на спротивната страна најефикасен беше Пол Џорџ со 20 поени, Ражон Рондо додаде 20, а Кавај Ленард 16.

Со овој триумф, Нагетси на табелата ги престигнаа Клиперси и сега се наоѓаат на третата позиција во Западната конференција.

НБА лига, резултати –

Шарлот – Детроит 107:94
Хјустон – Голден Стејт 108:97
Атланта – Чикаго 108:97
Кливленд – Мајами 107:124
Минесота – Њу Орлеанс 136:140, после продолжение
Оклахома – Индијана 95:112
Орландо – Мемфис 112:111
Далас – Вашингтон 125:124
ЛА Клиперс – Денвер 104:110
Јута – Торонто 106:102

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот