ВИДЕО: Јокиќ го продолжи патот кон МВП титулата и во поразот од Лејкерси

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Српскиот центар Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар и беше најефикасен играч на мечот, но тоа не беше доволно за Денвер да го избегне поразот од Лос Анџелес Лејкерс (93:89).

Јокиќ го заврши дуелот со 32 постигнати поени, девет скока и пет асистенции и така успешно го продолжи патот кон МВП титулата, за чие признание е еден од најголемите кандидати.

Кај Нагетси 19 поени имаше Мајкл Портер, а на спротивната страна за „езерџиите“ прв стрелец беше Ентони Дејвис со 25 поени, седум скока и една асистенција.

На табелата во Западната конференција Денвер е на четвртото место (43-22), а веднаш зад него се Лејкерси со учинок од 37 победи и 28 порази.

НБА лига, резултати –

Детроит – Орландо 112:119
Вашингтон – Индијана 154:141
Њу Орлеанс – Голден стејт 108:123
Атланта – Портланд 123:114
Чикаго – Филаделфија 94:106
Мемфис – Њујорк 104:118
Л.А. Лејкерс – Денвер 93:89
Јута – Сан Антонио 110:99

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот