ВИДЕО: Job Fair 2020 – уникатно доживување кое може да ви помогне многу во вашата понатамошна кариера

Job Fair претставува настан преку кој студетската организација БЕСТ директно ги поврзува студентите од техничите факултети и компаниите на тој начин што воспоставува долготрајна професионална основа за деловна соработка. Овогодинешното издание ќе се одвива потполно виртуелно преку видео активности одржани на видео-конференциска платформа, како и виртуелни штандови на страната на настанот.

Настанот ќе започне со официјалното отворање на 2.11, од 17:00 часот, на кое ќе има обраќање од страна на организаторите и партнерите, и ќе продолжи со панел дискусија на тема “Виртуелна Настава и Кариера – Праксата и образованието во време на пандемија”.

Марија Дрзмановска и Анѓела Ѓорѓевска од тимот на БЕСТ велат дека Job Fair не само што е најголемиот настан кој БЕСТ Скопје го организира, туку е и местото каде студентите можат да се информираат за сите можности кои ги нудат компаниите-учеснички, вклучувајќи потенцијални работни позиции или пракса.

Разговорот со Марија Дрзмановска и Анѓела Ѓорѓевска каде што се вклучи и Александар Мицев кој пред десетина години беше организатор на Саемот за вработување погледнете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот