(ВИДЕО) Јерусалема-предизвикот не ги одмина и тиквешките лозја

„Jerusalema Challenge“ останува да е популарен во Македонија. На светски познатиот предизвик му се приклучија и вработените од винаријата „Тиквеш“.

Од винаријата велат дека приклучувањето на ваков предизвик ќе ја промовира нивната компанија, а воедно и ќе се промовира и Македонија.

– Ако погледнете одблиску, низ кадрите се претставени главните аспекти од процесот на производство на вино, видеото дозволува прошетка низ различните сектори во винаријата, низ насадите, а лесно може да се видат и капацитетите со кои располага компанијата. Ова е особено важно за нас како компанија, но и за Македонија доколку сакаме да биде светски препознаена како винска земја, истакнаа од Тиквеш.

Претходно на ваков чекор се одлучија и од УНИ Банка, а слично предновогодишно изненадување пристигна и од Организацијата на жени на СДСМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот