ВИДЕО | Јелена Розга проговори за здравствениот проблем: Поради болеста не можам да се здебелам ниту килограм

Instagram
Фото: Instagram

Хрватската пејачка Јелена Розга неодамна се пофали со најновиот музички проект. Таа во емисијата на Огнен Амиџиќ, „Амиџиќ шоу“ беше гостинка заедно со пејачот Саша Матиќ со кого ќе снимаат дует. Пејачката ретко се појавува со изјави и интервјуа во јавноста, но оваа прилика ја искористи да каже нешто околу себе и проблемите со здравјето за кое се зборуваше и порано.

Во емисијата изјави дека поради короната немала „убави“ прилики за да се пофали со нешто, но и дека кога има нешто да промовира, со задоволство се појавува во јавноста.

Кога водителот ја праша за нејзиното здравје, таа изјави:

„Морето и мојата Далмација влијаат добро на мене, иако имам проблем да се здебелам, а тоа е поради мојот здравствен проблем со тироидната жлезда. Таа не ми дава да се здебелам ниту половина килограм. Извесен период не бев добро, сега сум океј. Знаат да ме зезаат за тоа дека не можам да се здебелам ниту килограм!“

 

Јелена отворено зборуваше за својот здравствен проблем и претходно, отворајќи ја темата за тоа како се справува со ситуацијата.

Јелена Розга за борбата со хипертироидизам: Како пејачката се справува со ова нарушување на тироидната жлезда?

Таа ја коментираше и нејзината затегната линија, „обвинувајќи ја“ генетиката за нејзиниот добар изглед.

„Мислам дека генетиката е најодговорна за тоа како изгледам и носам ист конфекциски број со години.

Сепак, Јелена изгледа подобро од кога било и ужива во своето тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот