ВИДЕО: Јелена Карлеуша и нејзините ќерки евакуирани од хотел во Турција поради шумски пожар

јелена карлеуша
Фото: Принтскрин / Instagram

Српската ѕвезда Јелена Карлеуша со нејзините две ќерки Атина и Ника е на летен одмор во Турција каде моментално беснеат силни шумски пожари.

Имено, српската дива со двете ќерки и нејзината тетка Даниела биле сместена во хотелот „Лујо“ во Бодрум. Одморот кој требало да биде уживање се претворил во вистински пекол кога пожарот поради ветерот и високите температури почнал брзо да се шири и кон туристичките луксузни комплекси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Денес, Карлеуша сподели дека поради безбедносни причини сите гости морале да бидат евакуирани, а целото страшно искуство пејачката го пренесе на својот инстаграм-профил со видеа на кои се гледа дека гори шума на рид во непосредна близина на хотелите.

„Нема да верувате што се случува во нашиот хотел. Сè гори. Само што дојдоа да нè евакуираат. Еве сум со децата. Овде е хаос. Немам зборови“, рече Карлеуша во едно од видеата.

Како што може да се види и од видеата, гостите се евакуирани со бродчиња.

„Не ми се верува дека ова се случува. Немам зборови. Шокантно“, се слуша во другото видео кое го сподели Јелена која се обидува да ги утеши своите ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот