ВИДЕО | Јавно егзекутиран монструмот на Асад, кој го хранеше својот миленик лав со тела на затвореници
Сирискиот војник, кој му фрлаше затвореници како храна на својот миленик лав, беше јавно егзекутиран од локалните бунтовници по падот на режимот на Башар ал Асад.
Талал Дакак, озлогласениот член на елитната 25-та дивизија на сириската армија, бил убиен од локалната милиција во западниот град Хама.
Видеата објавени на платформата Х, во вторникот покажуваат подготовки за егзекуција на Дакак, иако неговата смрт не е официјално потврдена.
Тој беше егзекутиран пред очите на голем број луѓе кои се собраа на плоштадот. Тоа е стратегија за егзекуција, смислена од локална бунтовничка милиција за високи членови на сириската армија.
Suriyeliler, bu idamı bekliyor!
Esed’in uyuşturucu baronu Talal Dakkak tutuklandı.
Dakkak, Nusayri Alevilerden oluşan Licani Şa’bi örgütünün lideriydi.
İnsanları arslanlara yedirmesiyle ünlüydü.
Bu akşam kent meydanında idamı gerçekleşecek. pic.twitter.com/GaCVZk7ewN
— NE KADAR OLDU? (@ne_kadarolduTR) December 10, 2024
Монструмот на Асад, како што го нарекуваа, познат е и како Абу Сакр и беше еден од најозлогласените сириски воени лидери и моќен бизнисмен во Хама, а во еден момент водеше и воздушно-разузнавачка милиција со дури 1.500 членови.
Тој стана озлогласен откако наводно украл младенче лав од зоолошка градина и го нахранил со телата на своите затвореници. Според извештаите, Дакак снимил и младенче лав како раскинува жив коњ, а потоа ја објавил снимката на социјалните мрежи.
Тој е одговорен за многу други ужасни злосторства, вклучувајќи киднапирања, убиства и трговија со органи. Исто така, Дакак се занимавал со шверц и продажба на нерегистрирани возила, како и трговија со наркотици.
Поранешен таксист, Дакак се верува дека е еден од неколкуте високи членови на војската заробени од бунтовниците по падот на долгогодишниот режим на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Европската Унија предупреди на висок ризик Сирија да западне во секташко насилство, но лидерот на исламистичките бунтовници Абу Мухамед ал Џолани го уверува Западот дека нема од што да се плаши.
Воените набљудувачи во Сирија соопштија дека џихадистите на Исламската држава убиле 54 владини војници во бегство додека бунтовниците предводени од исламистите ја продолжуваат својата офанзива.
Џихадистите на ИСИС заробија „луѓе кои бегаа од воената служба во пустината за време на падот на режимот“ на претседателот Башар ал-Асад и „егзекутираа 54 од нив“ во областа Сукна во пустината Хомс, според Сириската опсерваторија за човекови права.
ИСИС зазеде големи делови од Сирија и Ирак во 2014 година, но беше територијално поразен во Сирија во 2019 година. Сепак, неговите остатоци сè уште вршат смртоносни напади.
Веста за масакрот на војниците дојде откако новиот висок претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, рече дека постои легитимна загриженост за ризиците од секташко насилство во Сирија и обновување на екстремизмот во земјата.
Калас, исто така, на сослушувањето пред комисијата на Европскиот парламент рече дека падот на Асад е удар за рускиот претседател Владимир Путин и Иран.
Привремениот лидер на Сирија, Мухамед ал Башир, во вторникот објави дека го презема раководството на земјата како привремен премиер, поддржан од поранешните бунтовници кои го соборија Асад пред три дена.