ВИДЕО | Јаревски: Дали Богоев ќе го поддржи Заев во намерата за отстранување на спомен плоча на „Кузман Јосифовски Питу“?

Самото име на Општина Карпош е синоним за отпорот на македонскиот народ и борбата против фашизмот. Денес од пред спомен обележјето на „Кузман Јосифовски Питу“ би сакале да упатиме барање за неколку кратки и јасни одговори од единствениот наш политички противник СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев, вели Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

-Имајќи го во предвид интервјуто на лидерот на СДСМ за бугарскиот медиум бараме Стефан Богоев како функционер од највисоката раководна структура на СДСМ да се изјасни дали недвосмислено го поддржува Зоран Заев во неговите заложби за газење врз македонското достоинство, јазик, култура и идентитет? Дали Стефан Богоев ќе го поддржи или спречи СДСМ и Зоран Заев во намерата за отстранување на оваа спомен плоча на „Кузман Јосифовски Питу“, на која стои дека загина од куршум на бугарската фашистичка полиција? Дали Стефан Богоев заедно со Заев и Шилегов следната година ќе го одбележат денот кога „бугарската војска го ослободи“ Скопје?- запрашува Јаревски.

СДСМ не добија мандат, вели Јаревски, за да газат врз македонското достоинство ниту на централно, ниту на локално ниво. Граѓаните на Карпош и Скопје имаат право да го слушнат вашиот став и одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот