ВИДЕО: Јапонска тенисерка ја доживеа истата судбина како Новак Ѓоковиќ на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Женската тениска двојка составена од Мију Като (Јапонија) и Алдила Сутијади (Индонезија) е дисквалификувана од „Ролан Гарос“ откако Като ненамерно удри девојче кое ги собираше топките на теренот.

На видеото јасно се гледа дека Като немаше намера да го удри девојчето, а инцидентот доведе до дисквалификација по барање на противнилките Сара Сорибес Тормо (Шпанија) и Марија Боузкова (Чешка).

Судијата потоа донесе конечна одлука за дисквалификација по консултација со претставници на организаторите на Ролан Гарос.

Девојчето кое беше погодено од топката беше во солзи, не се здоби со поголеми физички повреди, па беше изнесено од теренот.

Слична ситуација беше забележана и на „УС Опен“ во 2020 година, кога српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Грен слем турнирот во Њујорк затоа што со топката ненамерно ја удри линиската судијка Лаура Кларк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот