ВИДЕО | Јанис се радуваше во пресметката со Дончиќ, Оклахома со пресврт подобра од Голден Стејт

Фото: Milwaukee Bucks

Кошаркарите на Милвоки со пресврт славеа против Далас на Лука Дончиќ (132:125). Бакси до триумфот дојдоа предводени од фантастичниот Јанис Адетокумбо.

Натпреварот грчкиот кошаркар го заврши со 40 поени кои беа доволни за деветта победа во 13. меч на „елените“. Демијан Лилард му беше одлична поддршка со 27 поени и 12 асистенции, додека Конејт уфрли 16.

 

Лука Дончиќ повторно играше на високо ниво и за малку остана без трипл-дабл и средбата ја заврши со 35 поени и по девет скока и девет асистенции. Кајри Ирвинг уфрли 39 поени, но тоа не беше доволно за победа на Далас.

Голден Стејт претрпе нов пораз и тоа Оклахома тандерс (123-130) по продолжение, откако прокоцна предност од плус 18 во третата четвртина и позитива од три поени на нецели две секунди од регуларниот дел

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Њујорк 108-122, Њу Орлеанс – Минесота 120-121, Чикаго – Мајами 102-97, Милвоки – Далас 132-125, Сан Антонио – Мемфис 108-120, Голден Стејт – Оклахома 123-130 (п).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот