ВИДЕО: Јанис му ја донесе шестата победа по ред на Милвоки
Кошаркарите на Милвоки бакс дојдоа до шестиот триумф по ред откако со 120:113 го совладаа Сан Антонио спарс и сега имаат скор од 27 победи и 13 порази.
Дури седум играчи на Милвоки постигнаа над десет поени, а најдобар вообичаено беше Јанис Адетокумпо со 26 поени, 15 асистенции и осум скокови, додека олдична партија прикажа и Крис Мидлтон кој даде 23 поени.
Филаделфија сиксерс останува лидер во Источната конференција со скор од 29:13 откако со 129:105 го победи Сакраменто кингс. Во отсуство на првите ѕвезди, Ембид и Симонс, Тобајас Херис беше најдобар кај Филаделфија со 29 постигнати поени, 11 скокови и осум асистенции.
ЛА Клиперс остварија убедлив триумф од 125:98 над Шарлот хорнетс, а прво име во триумфот беше Пол Џорџ кој пстигна 21 поен.
Резултати:
Мемфис – Голден Стејт 111:103
Филаделфија – Сакраменто 129:105
Милвоки – Сан Антонио 120:113
ЛА Клиперс – Шарлот 125:98