ВИДЕО: Јанис ја доби шутерската пресметка со Дурент, на Лејкерс не им помага ниту Леброн

epa09174815 Milwaukee Bucks forward Giannis Antetokounmpo of Greece (L) is fouled as he shoots by Brooklyn Nets forward Kevin Durant (R) during the NBA game between the Brooklyn Nets and the Milwaukee Bucks at Fiserv Forum in Milwaukee, Wisconsin, USA, 02 May 2021. EPA-EFE/TANNEN MAURY SHUTTERSTOCK OUT

Милвоки бакс и Бруклин нетс одиграа фантастичен натпревар во кој шоуто го „украдоа“ најдобрите играчи на двете екипи, Јанис Адетокумпо и Кевин Дурент. На крајот славеше Милвоки со 117:114, а двете ѕвезди постигнаа речиси 100 поени, Јанис застана на бројката од 49 поени, додека Дурент постигна 42 поени.

И двете екипи имаа свои моменти на натпреварот, се менуваа во водство се до последната четвртина во која кошаркарите на Милвоки успеаја да дојдат во водство кое не го испуштија со крајот на средбата.

Покрај Јанис, одлична партија за Милвоки прикажа и Крис Мидлтон со 26 поени и 11 скокови, додека кај Бруклин освен Дурент, се истакна и Кајри Ирвинг со 20 поени, но тоа беше недоволно да се совлада Милвоки.

Актуелниот шампион ЛА Лејкерс продолжува со лошите игри во финишот од регуларниот дел од сезоната и овој пат загубија од Торонто со 121:114. Дуелот на последните два НБА шампиони беше одлучен во втората четвртина која Торонто ја доби со 40:21. Паскал Сијакам со 39 поени и 13 скокови и Кајл Лаури со 37 поени и 11 асистенции го предводеа Торонто во победата.
На Лејкерси не ми помогна ниту Леброн Џејмс кој го одигра вториот натпревар по враќањето од повредата и имаше учинок од 19 поени. Ова беше шести пораз во последните седум натпревар за Лејкерси кои сега се петти во Западната конференција со скор од 36 победи и 28 порази.
Филаделфија благодарение на поените на Бен Симонс во последните моменти од продолжението  со 113:111 го совлада Сан Антонио.

Резултати:
Милвоки – Бруклин 117:114
Бостон – Портланд 119:129
Шарлот – Мајами 111:121
Далас – Сакраменто 88:111
Хјустон – Њујорк 97:122
Оклахома сити – Феникс 120:123
Сан Антонио – Филаделфија 111:113
ЛА Лејкерс – Торонто 114:121

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот