ВИДЕО: Јанис и Милвоки на чекор до титулата во НБА

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Кошаркарите на Милвоки бакс се наоѓаат пред освојување на титулата во НБА лигата откако во петтиот натпревар од големото НБА финале со 123:119 го совладаа Феникс санс и победоа со 3:2 во победи.

Ова воедно беше прв брејк во големото НБА финале, а клучен момент беше нападот на Феникс кога имаше негатива од еден поен на 20 секунди до крајот. Девин Букер ја загуби топката, Џру Холидеј му асистираше на Јанис Адетокумпо кој донесе водство од 122:119.

Потоа Јанис го промаши слободното фрлање на 10 секунди до крајот, но Мидлтон беше фаулиран по офанзивниот скок и погоди едно од двете фрлања со кои донесе водство од четири поени на Милвоки кои се покажаа недостижни за „сонцата“.
Пред возбудливиот финиш имаше доста возбудувања, Феникс по првата четвртина имаше предност од 16 поени. Но, за само три минути во втората четвртина Милвоки се врати во игра, а во третиот дел дојде и до 14 поени предност.

„Сонцата“ успеаја да се вратат во игра во самата завршница од средбата кога Букер и Пол внесоа вистинска драма во завршницата која на крајот заврши со триумф на Милвоки. Најдобар во тимот на Милвоки беше Јанис Адетокумпо со 32 поени, Џру Холидер даде 27 поени и 13 асистенции, а Крис Мидлтон уфрли 29 поени.

Во тимот на Феникс најдобар беше Девин Букер со 40 поени додека Крис Пол даде 21 поени со 11 асистенции. Шестиот натпревар се игра во ноќта помеѓу вторник и среда и Милвоки со евентуална победа ќе дојде до шампионската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот