ВИДЕО | Јаневска: Новиот министер за образование треба итно да направи ревизии

Весна Јаневска
Весна Јаневска, Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ / Утрински брифинг

-Ние официјално побаравме да се одложи распустот на учениците за две недели. Прво за да ги заштитиме учениците заради нивното здравје, да ги заштитиме нивните семјества, да го растеретиме здравствениот систем, да функционира полежерно во овие тешки денови, вели Весна Јаневска од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ за Утрински брифинг.

-Имам впечаток дека Комисијата за заразни болести кога одлучи да не се одложува распустот, не мислеше многу сериозно на здравјето на младите, но не мислеше ни на енергетската криза. Затоа мислам дека Владата одлучи заради енергетската криза, не толку заради здравјето на децата да го одложи распустот. Но добро е и заради едното и заради другото, вели таа.

-Ако училиштата се ладни децата не можат да учат и можеби нема да довијат омикрон, но воспаление на белите дробови сигурно ќе добијат, особено затоа што уште важат оние препораки дека треба да се работи со отворени прозори, додава таа.

-Со одложувањето прво би ги заштитиле децата од студот, а државата нема средства и ќе овозможи заштита и се надевам дека две недели не се малку за новата Влада да изнајде начин како да го реши проблемот и со парното греење и со другот греење во училиштата. Општините се оставени во долгови, но и во првото полугодие имаше проблем со греењето, вели за Утрински брифинг Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот