ВИДЕО | Јанев: Бугарија нема да отстапи од својатa позиција за Северна Македонија

Стефан Јанев
Стефан Јанев / Фото: МИА

Политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета, рече во речиси едночасовното интервју за БНТ привремениот бугарски премиер Стефан Јанев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Северна Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ.

Јанев, исто така, рече дека пред да ја преземе функцијата преодната Влада во мај оваа година, позицијата не била јасно соопштена. Нема да отстапиме од нашата позиција, изјави премиерот на Бугарија Стефан Јанев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот