ВИДЕО | Јакшиќ: Политиката има влијание врз Црквите, овојпат и СПЦ и МПЦ добија благослов од световните власти

Бошко Јакшиќ/Фото: Слободен печат

Бошко Јакшиќ е едно од најпознатите имиња на некогашното југословенско новинарство и известувач на „Политика“ . Во Утрински брифинг со Јакшиќ овој пат разговаравме за новонастанатата ситуација околу односите помеѓу СПЦ и МПЦ-ОА.

-Сите јавувања на медиумите околу затоплувањето на односите помеѓу двете цркве се исклучително позитивни. Не само во црковните кругови, односно меѓу верниците туку и во официјалната политика. Она што е интересно е тоа што дава значење на овој настан, е тоа што се гледа колку црковните односи можат да бидат во корист на стабилноста или нестабилноста. Нерешените односи, повеќе од половина век, предизвикаа големи политички потреси. Само да се потсетиме што се случуваше со Владиката Охридски Јован. Сега е спротивна ситуацијата. Сега се отвораат вратите не само на воспоставување на канонско единство помеѓу двете цркви, туку се отвора простор за добрите односи кои секогаш постоеле помеѓу двата народи, кои политичарите ги расипуваа. Сега Црквата не дава таков повод за расипување и тоа е многу добра вест и неочекувана е брзината со која тоа се случи, потенцира Јакшиќ.

Тој напоменува дека од одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на канонската црква под името Охридска Архиепископија до Одлуката на Синдот на СПЦ за признавањето на статусто на целосна внатрешна самостојност на МПЦ поминаа 7 дена, а од заседавањето на Синдот на СПЦ и заедничката литургија поминаа само 3 дена. За сето ова се секако заслужни и политичарите, а меѓу нив и српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Факт е дека светот на политиката секако влијание на она што се случува во црковните работи посебно на меѓудржавно ниво. Има податок дека во 2002 година двете цркви биле многу блиску до договор, но поради инсистирање на политичката власт во Скопје, македонската делегација се повлече и не дојде до договор. Јасно е дека политиката и од едната и од другата страна имаат влијание. Овојпат и двете цркви добија и во Белград и во Скопје благослов од световните власти во двете земји. На ниво на народот постои една искрена блискост која ниту политичарите не можат да ја расипат, дециден е Јакшиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот