Една од најголемите македонски кошаркарски надежи доби значајна минутажа и врати со одлична игра во триумфот над Иглс (71:68)
Против „соседите“, екипата на Вашингтон Истерн Иглс, Андреј Јакимовски одигра дури 31 минута, што е неверојатен податок за еден „руки“ играч во силната Дивизија од НЦАА лигата.
Притоа нашиот репрезентативец стигна и до своите први конкретни бројки во оваа конкуренција. Постигна шест поени (две тројки), а својата универзалност, Јакимовски ја дополни и со исто толку скокови, плус три асистенции.
Се заедно во комплет, доволно за Вашингтон Стејт биде подобар од Иглс со резултат (71:68). Тоа е втора победа од стартот на сезоната за популарните „Кугуарс“ од главниот град на САД. Следниот меч на Јакимовски и неговиот тим е на 3 декември, против Орегон Стејт.
Поените и дел од асистенциите на нашиот играч можете да ги погледнете на видео записот: